Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ дури и барањето за предвремени избори е класичен блеф, фарса.
Кога и да има избори победник е СДСМ и напредната, прoгресивна опција што ја предводи. Тоа го потврдуваат и анкетите.
Освен одбрана на криминалците и обнова на криминалниот режим ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ништо друго не ги интересира.
Тие и нивното деструктино однесување се најголемата штета за државата и нејзината иднина.
Единствен криминален октопод е октоподот во белиот дворец контролиран од Будимпешта и криминалецот во бегство Никола Груевски.
ВМРО – ДПМНЕ партијата на штанцање лажни вести, невистини и креирани сценарија продолжува во нивни добро познат стил.
Иако, Христијан Мицкоски претходно го условуваше одржувањето на лидерската средба токму со темата за предвремни избори, на лидерската тој воопшто не го спомна прашањето за предвремени избори не беа ни спомнати.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи домаќински и одговорно исклучиво во интерес на граѓаните. Еден од клучните столбови на програмата За живот во Македонија, Парите кај граѓаните е целосно исполнет на повеќе од две години од крајот на мандатот.
СДСМ и Владата која ја предводи, посветено работи на зајакнување на капацитетите на правната држава, со новиот Закон за ЈО градиме независен и неселективен судски систем и обезбедуваме правда за сите.
Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора – се наведува во денешното соопштение на СДСМ.