Стандардите за заштита на човековите права во светот се под невиден притисок, соопштија синоќа Обединетите нации, предупредувајќи дека „фашистичката реторика“ станува застапена и во Европа и во САД.
Говорејќи во пресрет на Меѓународниот ден за човекови права, кој е одбележува на 10 декември, високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, побара луѓето во светот за се спротивстават на опасната ерозија за заштита на човековите права.
– Оваа 2016 година беше катастрофална кога станува збор за човековите права во светот – вели Ал Хусеин, предупредувајќи дека на крај сите ќе имаат штета „ако порасне ерозијата на внимателно изградениот систем на човекови права и владеењето на правото“.
Тој нагласи дема многу лидери не влијаеле ефикасно, ниту искрено на таквите проблеми, што придонело да се искористи стравот на луѓето, за да се испраќаат дезинформации и поделби и да се даде ветување кое не може да се исполни.
„Во некои делови на Европа, како и на САД, реториката против странците е полна со неиздржливи критики и со омраза, се шири во застрашувачки размери и таа не запира и не се намалува, Фашистичката реторика веќе не е ограничена на тајното подземје, таа стана составен дел од дневниот дискурс“, предупреди Ал Хусеин.
Високиот комесар за човекови права на ОН, кој утре треба да го отвори кампот „Денеска стани за нечии права“, од сите побара да го отфрлат насилството и омразата кои му се закануваат на денешниот свет.