Се конзервираат и реставрираат слики од Вангел Наумоски за претстојната изложба

Сподели

Стручна екипа од  НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, составена од кустосот Катерина Велкоска и раководителкатата на проектот „Сто години од раѓањето на Вангeл Наумовски“, конзерваторот за штафелајно сликарство Сашо Блажески и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство, ги привршува активностите за конзервација на колекција слики од уметникот Вангел Наумовски.

Станува збор за уметнички дела кои ги красеа просториите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид, а ќе бидат дел од претстојната изложба во рамките на овогодишната изложбена програма на НУ Завод и музеј – Охрид.