Скопската епархија, при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ја информира јавноста дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.
Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.
Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години.
Во продолжение следуваат фото-галерија и видео-инсерти од храмот, како и изјава на отец Антонио Апостолоски од Скопската епархија поврзана со доизградбата на истиот.