Со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ -„Се викам Горан Стефановски“, Драмски театар-Скопје ќе гостува на 17. Меѓународен фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац.
Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“..
Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Во актерската екипа се: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.
Годинашниот „Јоакимфест“ се одржува од 7 до 12 октомври под слоганот „Хармонија на различноста“. Учествуваат театри од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и од Словенија.