Седница за подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот за ЈО

Сподели

 

Групата е составена од претставници од сите надлежни органи од областа на правосудството : јавни обвинители од Републичко ЈО, Вишите јавни обвнителства, Основните јавни обвинителства; судии од Врховен, Апелационени и Основни судови; професори и експерти од академската заедница, како и претставници од сите други надлежни органи од државната управа.
 
 
 
 
Реформата на Јавното обвинителство е дел од новата Стратегијата за развој на правосудниот систем (2024-2028) . Во неа се предвидени низа мерки за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на јавното обвинителство:
– Воспоставување критериуми за сложеноста на предметите во Јавното обвинителство;
– Допрецизирање на законската рамка за избор на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција;
– Законска самостојност на Јавното обвинителство за водење на постапките за вработување;
– Обезбедување на посебни простории за канцелариите на јавните обвинителства кои моментално се наоѓаат во судските згради;
– Воспоставување интероперабилност на ОЈО со МВР, УФП, УФРМ, ЦУРМ, УЈП, АУОИ, судовите, казнено-поправните установи и адвокатската комора;
– Реорганизација на мрежата на јавните обвинителства;
– Зајакнување на истражните центри и формирање нови согласно потребите за да ги постигнат своите цели за зголемување на ефикасноста на истрагите и подобрување на координацијата меѓу обвинителите, полицијата и другите релевантни органи.
Сето ова , наложи да се пристапи кон измени и дополнувања на актуелниот Закон за јавно обвинителство.