Седумте пациенти се во добра состојба и ќе останат на болничко лекување во Софија до петок

Сподели

 

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

-“Седумте пациенти кои се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се стабилни и се чувствуваат добро. Од колегите во болницата ја имаат целата нега, терапија и дадена им е психолошка поддршка. Утрово разговарав со д-р Иван Поромански, директор на болницата, ме информираше дека стабилна е состојбата и на двајцата пациенти кои беа оперирани. Кај еден пациент беше извршен хируршки зафат на ногата, а на пациентка и беше извршен помал зафат, ѝ беше оперирано коленото. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје”- изјави министерот Филипче.