Во периодот што следи граѓаните треба да бидат внимателни, бидејќи секогаш кога ДУИ се фатени во лоповлук, во кражба, во пљачка тие веднаш вртат на националните теми, односно на национализам и шовинизам. ДУИ е веќе во кампања и периодов што следи, вакви провокации ќе има, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Колку се тие провокации националистички поголеми, бидете свесни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се пљачкаат македонските граѓани. Ќе ве потсетам на ветувањата на Али Ахмети и оние камен темелници, како што е фабриката за електрични автомобили во Тетово, покрај дупката и сега веќе поголемата трева, буквално ништо не се случува. Албанците секојдневно ја напуштаат Македонија поради лошите политики на владата на ДУИ и СДСМ, тоа што СДСМ избрале да бидат измеќари, тоа народот ќе си го каже за неколку месеци од денеска“, рече Мицкоски.
Мицкоски упати предупредување до македонските граѓани да не наседнуваат и да не подлегнуваат на ваквите националистички провокации кои доаѓаат од ДУИ и Али Ахмети и дека за неколку месеци од дене ќе дојде нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и сето оваа заедно со политичарите кои го предизвикуваат ќе бидат минато, при што ќе следи и одговорност.