На доделувањето на престижната „Државна награда“ што ја доделува Северна Рајна Вестфалија во Келн, беше видена трогателна сцена.
Најголемата чест на оваа германска сојузна држава му беше доделена на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, а во негово име наградата ја добија неговата сопруга Корина Шумахер и ќерката Џина-Марија.
На свечената церемонија Корина одржа исклучително емотивен говор во кој откри колку и недостига нејзиниот сопруг.
“Ми недостига Мајкл секој ден, но не само на мене. На децата, семејството, неговиот татко, на сите им недостига. На сите ни недостасува, а тој е тука. Тој е различен, но тој е тука и тоа ни дава сила. Се обидуваме да продолжиме како семејство, што и тој би сакал. Секогаш не штитеше, а сега ние го штитиме него“, низ солзи раскажува Корина.
Corinna Schumacher, des larmes pour Michael https://t.co/GSF81HW7Im pic.twitter.com/YtFMRm3yG7
— Paris Match (@ParisMatch) July 28, 2022
Корина и Џина дојдоа во придружба на пријателот на Шумахер, Жан Тод, поранешен претседател на ФИА и шеф на Ферари.
“Го запознав Мајкл пред 30 години во Ферари. Нормално, никој не беше подготвен сето ова да биде толку емотивно за Корина, но понекогаш е добро да се изгуби малку контролата”, изјави Тод.
Состојбата на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1, е обвиткана во мистерија повеќе од осум години.
Михаел Шумахер сериозно ја повреди главата при пад на скијање на француските Алпи на 29 декември 2013 година и оттогаш неговата состојба е предмет на шпекулации, бидејќи нема официјални медицински извештаи.
The post ,,Секој ден ми недостига Михаел,, – Корина ја погодија емоциите, одржа срцепарателен говор и заплака! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico