Собранието гласаше за потребата од формирање на ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.
Експертската јавност жестоко реагираше на зголемувањето на бројот на министерства посочувајќи дека државата не е финансиски моќна за да се зголеми владиниот кабинет.