СЕММ: Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19

Сподели

 

Советот за етика во медиумите во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира онлајн настан на тема „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19.“

 

 

Целта е да се разгледа улогата и потребата од инклузивно известување за различностите, која особено стана очигледна за време на пандемијата. Очекувањата се поттикнување на медиумите активно да се вклучат во афирмација на инклузивното известување за различностите во земјата и нивно застапување.

Настанот ќе го отворат Илона Казарјан, раководителка на Отсекот за комуникациии односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Катерина Синадиновска, претседателка на Совет за етика во медиумите. Обраќања ќе имаат и експертот за родова еднаквост, малцинства и недискриминација Неда Чаловска, извршната директорка на Советот за етика во медиумите Марина Тунева и Даниел Димитриески координатор за програми и прием на жалби на Совет за етика во медиумите.