СЕММ објави Конкурс за најдобри новинарски стории

Сподели

 

Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, објавува конкурс за најдобри новинарски стории за искуствата на ранливите и маргинализираните групи во општеството и предизвиците со кои се соочуваат во образованието.

Повикот за апликации е отворен за сите професионални новинари и редакции во државата за стории објавени во периодот од 1 мај 2021 година до 1 мај 2022 година.

Критериумите за наградите вклучуваат автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува највисоките етички стандарди во новинарството. Пријавите може да биде во каква било новинарска форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју).

Најдобрите стории ќе ги одбере жири составено од реноминирани претставници на професијата. Авторите на најдобрите стории ќе ги добијат следниве награди:

  • Прво место – ИТ опрема со противвредност од 900 евра
  • Второ место – ИТ опрема со противвредност од 700 евра
  • Трето место – ИТ опрема со противвредност од 600 евра

Новинари поединци и редакции можат да пријават до три (3) стории.

Конкурсот е отворен до 16.05.2022 година.

  • Апликациите треба да се испратат по е-пошта на konkurs@semm.mk.

Пријавите мора да вклучуваат линк до новинарската содржина и истата да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ).

Наградите за најдобри стории поврзани со известувањето за ранливите и маргинализираните групи и предизвиците со кои се соочуваат во образованието, СЕММ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги доделуваат за да ги поттикнат новинарите во промовирање на концептот на еднаквост и интеграција на ранливите и маргинализираните групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.