Пописот ќе даде реална слика за работниците, пензискиот систем и ранливите категории на граѓани

Сподели

 

„Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението,“ изјави министерката Јагода Шахпаска. 

„Како Министерство кое во фокусот ги има најранливите групи на граѓани, децата, работниците, пензионерите, лицата со попреченост, имаме реална потреба од попис организиран согласно стандардите на Обединетите нации и според правилата на Евростат. Од одговорот на прашањето каква е старосната структура на населението, зависат нашите политики за проширување на капацитетите во предучилишните установи, за изградба на домови за стари лица,“ посочи Шахпаска.

Преку пописот ќе добиеме одговор и за: Дали и колку е застапена родовата еднаквост на пазарот на трудот? Каква е состојбата со родовото одговорно буџетирање? Податоци од кои потоа ќе зависат нашите идни стратегии. Податоците од пописот ќе овозможат на вистински начин да ги планираме политиките во пензискиот систем, за да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, вели министерката Шахпаска.

Како држава имаме обврска да се грижиме за лицата со попреченост и да обезбедиме нивна целосна инклузија. 

„Пописот не е наш избор, тоа е наша обврска. Должни сме да креираме стратегии и политики кои одговараат на потребите на граѓаните и кои ни ја отвораат европската перспектива,“ заклучи Шахпаска.