Шапуриќ: Со евроатлантските интеграции ќе се зголемат инвестициите на бизнис-ангелите

Сподели

Економски форум во организација на Светската организација на бизнис-ангели (WBAF) се одржа во Загреб.

На овој форум присуствуваше и министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ кој во своето обраќање истакна дека евроатланските интеграции на Македонија ќе доведат до зголемување на домашни и странски инвестиции, како и до зголемување на инвестиции од формата на инвестирање на бизнис-ангелите.

Шапуриќ напомена дека Македонија работи на донесување на регулатива кој ќе овозможи поголем влез на ваквите инвестиции, како и дека очекува наскоро Светската организација на бизнис ангели да отвори канцеларија и во Македонија.

Во рамките на настаните на форумот беше отворена регионална канцеларија на оваа светска организација во Хрватска, која воедно е прва канцеларија во регионот на Југоисточна Европа.

Исто така беше потпишан и меморандум за соработка за глобално партнерство за финасиска инклузија, со посебен фокус на економска соработка како поттик на старт-ап компании и иновација во Хрватска и Европска унија.