Со провокации започнаа денешните блокади на сообраќајот на мостови од страна на „Шарена револуција“ На блокадата кај мостот Гоце Делчев два пати помина празно возило на Брза помош. Демонстрантите првиот пат го пропуштија возилото, пренесе порталот Стандард.
Во исто време се појави екипа на неделникот „Република“ да фотографира, а демонстрантите ги исвиркаа и им довикуваа „ало началниче“. За кратко време, истото возило на брза помош се врати назад во правецот од каде што дојде и повторно сакаше да помине.