Поддржувачите на „Шарената револуција“ вечерва на мостот Око, пред Основното јавно обвинителство, направија нова герила-акција со која потсетија дека преостануваат уште шест дена до 18 јуни, крајниот рок што го дадоа за да се исполнат нивните две клучни барања.
„Денеска одбројуваме од мостот Око и упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон. Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни“, велат од „Шарената револуција“.