Шест полицајци се повредени при експлозија на бомба во Источна Турција, јавуваат турските медиуми.
Импровизираната експлозивна направа била активирана и експлодирала во моментот кога оклопно полициско возило минувало покрај неа, во близина на градот Гаваш.
Се верува дека нападот е изведен од Курдската работничка партија.