Шилегов: Бегањето на Арсовска од дебати е навредливо за Скопјани

Сподели

 

Шилегов вечерва на интервју на Телма се осврна зошто и понатаму Арсовска бега од дебати.

„Врвот на демократијата е всушност дебатата. Ние сме тука заради публиката, не заради нас самите. Ова мене ме потсетува на некои други времиња. Круна на демократијата е дебатата меѓу противкандидатите“ објасни Шилегов.

На прашањето дали планира да ѝ се извини на Арсовска за наводната негативна кампања, Шилегов додаде: „Мислам дека не станува за навреда, туку дека се свесни во штабот на Арсовска дека ќе бидат разобличени нејзините празни флоскули што ги слушавме низ кампањата. Кога можеше да се скрие зад 10 други кандидати, доаѓаше, сега не. Во првиот круг бев предмет на директни вербални напади на соочувањата, па сепак доаѓав. Тоа го амортизирав со достојно однесување. Нашите лични односи не можат да бидат во преден план кога претендирате да водите еден град.“