Шилегов: Мексичка, Ленинова, Железничка… се враќаат во нашето Скопје

Сподели

 

Советот на Град Скопје на седницата која заврши доцна синоќа ја усвои листата со новите 571 имиња на улиците и други јавни површини во главниот град. 

Веста ја соопшти градоначалникот Петре Шилегов на својот официјален ФБ профил.

„Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка … се враќаат во нашето Скопје“, објави Шилегов на Фејсбук.

 

 

Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.