Шилегов: Реставрација на Универзална сала или Референдум

Сподели

 

По бурните реакции во јавноста денеска на прес-конференција, градоначалникот Петре Шилeгов најави три опции како решение за Универзална сала: реставрација на постојната, изградба на нова мултимедијална сала на нова локација и нова сала на постојната локација.

Шилегов изјави дека лично се залага да се реставрира стариот објект, а дополнително да се изгради нова и поголема сала на друга локација.

Град Скопје нема пари за овој капитален проект и затоа ќе бара помош од владата и дека според првичните пресметки, изградба на нова сала на нова локација и рестраврација на постојната би чинело околу 20 милиони евра.

Шилегов најави и можен референдум со трите опции за Универзална сала.