Шојбле: ЕУ мора да се промени

Сподели

wolfgang-sojble

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека без разлика на резултатот од референдумот на Велика Британија за нејзината иднина во ЕУ, Унијата сепак треба да претрпи промени затоа што не може да продолжи како досега.

– Европа не е во добра форма – рече Шојбле и изрази надеж дека Велика Британија задутре ќе избере да остане во ЕУ.

Шојбле рече дека Британија е особено важен пазар за германската економија и додаде дека нејзиното излегување од ЕУ може да нанесе значителна штета.

Шојбле: ЕУ мора да се промени