Ѕвездата на Оклахома Сити, Кевин Дурент од следната сезона ќе игра за поранешниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс.
,,Ова е важен дел во мојата кариера, кога морав да донесам некои тешки одлуки. Решив да потпишам за Голден Стејт.
,,Јас сум од Вашнгтон, но во Оклахома „пораснав“. Таму многу научив за значањето на семејството, за тоа што значи да бидеш човек. Ме боли сознанието дека многу луѓе ќе бидат разочарани од мојата одлука, но ја верувам дека правам вистинска одлука за мојата кариера“, напишал Дурент во своето соопштение.
Оваа одлука на Дурент во пол позиција ги става Вориорс за освојување на титулата во наредата сезона.
Минатата сезона Голден Стејт го загуби големото финале од Кливленд, откако во финалето на Западот ја победи токму Оклахома со Кевин Дурент.
Дурент заедно со МВП-то на регуларниот дел Стеф Кари и Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин ќе биде дел од веројантно најдобриот квартет во лигата.
Доаѓањето на Дурент во Голден Стејт значи дека тимот ќе го напушти Херисон Барнс на кого Далас му понуди 95 милиони долари за четири сезони.
Дурент во текот накариерата има просечни 27,4 поени, седум скокови и 3,7 асистенции по натпревар.
The post Шок за Оклахома сити… Кевин Дурент замина во ривалот Голден Стејт! appeared first on Спорти.
Source: Sporty