Кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ најави штрајк на 25 и 26 декември, кога се прославува католичкиот Божиќ, поради што ќе бидат загрозени 40.000 летови од и до лондонскиот аеродром „Хитроу“.
Синдикатот на кабинскиот персонал на авиокомпанијата соопшти дека илјадници вработени ќе ја прекинат работата поради „малите плати и неисполнетите ветувања“ за мешовитата флота на „Бритиш ервејз“, во која се ангажирани од 2010 година.
„Бритиш ервејз“ би можел да ги пренасочи патниците во други авио компании, пишува весникот „Индипендент“.