Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација

Сподели

9110105324_dd435711a4_z

 

Шведскиот суд и наложи на владата да исплати 3.200 евра како надомест за 11 Роми кои покренале тужби за дискриминација затоа што полицијата собирала информации за нив.

Шведскиот весник „Дагенс нихетер“ објави дека полицијата на југот на Шведска собирала информации за илјадници Роми, иако многу од нив не биле осомничени за сторен криминал.

Полицијата негирала дека правела база на податоци на основа на етничка припадност, но признала дека во било погрешно што во нив ги вклучила далечните роднини на луѓе осомничени за кривични дела.

Окружниот суд во Стокхолм утврдил дека полицијата регистрирала 11 лица исклучиво врз основа на нивната етничка припадност.

Шведската влада им плати надомест на 11 Роми поради дискриминација