Силјановска Давкова: Гордоста не се купува или подарува, гордоста се заслужува

Сподели

“Со почит ќе се однесувам кон Владата, ќе соработувам со неа, ќе давам совети. Ќе се обидувам двете глави како една да делуваат кога се во прашање државните и национални интереси, да соработувам со опозицијата. Нема да се однесувам како тие што се однесуваат кон нас во Собранието.

Претседателот досега многупати можеше да стави вето за злоупотребата на толку саканото ЕУ знаме, партал го сторија. Јас не знам колку закони преку трупа донесоа, ама не заради ЕУ страндарди, туку заради личните и олигархиските интереси.

Се надевам дека овој хаос и оваа агонија нема да дозволиме да продолжат, доста беше од нив! Мора да дојдат нови луѓе со дигнитет и авторитет, ќе бидете горди на нив. Подобра одошто е, ќе ја претставувам Македонија.

Гордоста не се купува или подарува, гордоста се заслужува!

Бидете сигурни дека ќе ве направам горди. Сум ги направила горди моите студенти и како пратеничка гордо ве застапував вас, за разлика од нив. Проверете ја и утврдете ја разликата, споредете што зборуваат едните, а што другите.

Не правиме компромис со вредности, немаме право на тоа зашто така ја нагризуваме гордоста на Македонија.

Македонија повторно горда!” – изјави Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат 2024.