Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковечавски.
Во недостаток на план и програма, Силјановска е целосно во матрицата на ДПМНЕ и упатува навреди кон Пендаровски и Ковачевски. Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуални капацитети искажани од Силјановска не доликуваат ниту на професор ниту на политичар.
Каков е тој професор кој ги навредува студентите? Каков е тој политичар кој наместо да претстави и идеи навредува неистомисленици а со тоа ги навредува и граѓаните. Митинзите се за претставување на визијата, понудата пред граѓаните а не за навреди и лични дискредитации.
Паника од пораз на изборите, немањето план, визија, не се оправдување.
Затоа Силјановска треба да се извини.
СДСМ, соопштение