Симовски: Пописот тече без проблеми

Сподели

 

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на денешната прес-конференција изјави дека пописот 2021 се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и проблеми.

–До синоќа повеќе од 512 илјади лица, 158 илјади домаќинства и 212 илјади станови се попишани. Вчера, попишавме точно 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови. Ова се навистина прекрасни податоци, особено што се работи за работен ден, за разлика од претходните кога беа за време на викенд и очекувано беа повисоки, бидејќи населението е дома. Исклучително сме задоволни и од темпото и од работата на попишувачите и се надеваме дека ваквото темпо ќе продолжи и понатаму и без никаков проблем ќе го завршиме пописот во предвидениот рок – изјави Симовски. Очекувам наредниот период да нема повеќе вакви случаи, но и да се случат, постои цел тим зад нас, кој постојано е подготвен и дежура. Има голем пописен штаб, каде што за секој дел и од техничките решенија и методолошките прашања веднаш се решаваат. Не очекуваме никакви проблеми и мислам дека некаде на крајот на месецот ќе објавиме конечно дека сме завршиле успешно со пописот и операцијата е целосно готова – изјави Симовски.

Има исклучително мала бројка на граѓани кои одбиваа да се попишат, но дека со овие лица, по првичното одбивање, разговараат и во најголем дел ги убедуваат да учествуваат во Пописот.