СИРИЗА: Имаме потребно мнозинство за Договорот од Преспа

Сподели

 

Поранешниот министер и генерален секретар на владејачката партија Сириза, Панос Скоурелитс во интервју за грчката телевизија „Алфа“ изјави дека грчкиот парламент го има потребното мнозинство за ратификација на договорот од Преспа, посочувајќи дека останувањето на власт на владејачката гарнитура не е доведена во опасност.

„-Сѐ води кон тоа дека постои потребното мнозинство и за одобрување на Договорот од Преспа, но постои и мнозинство во денешниот парламент за да не биде под закана довербата на денешната влада. Преспанскиот договор ќе биде на дневен ред во грчкиот парламент, кога Скопје ќе ги заврши своите обврски кои произлегуваат од Договорот.“, изјави Скоурелитс.