“Ја следиме целата комуникација на социјалните медиуми. Ги следиме сите коментари, прашања, предлози, сугестии, но поради тоа што не сме во можност да одговориме на сите прашања – се обидуваме да дадеме одговор преку нашите соопштенија и прес-конфенции кои ги правиме секојдневно. Во делот „Корона вирус“ на веб-страницата на Министерството за здравство од денеска ги објавуваме и често поставуваните прашања од медиумите и граѓаните со цел јавноста во секое време да има одговор на кое било прашање” – соопштуваат од министерството за здравство.