„Сите за МКЦ“ – Борбата за МКЦ не престанува

Сподели

 

Движењето „Сите за МКЦ“ објави писмо со барања во врска со Младинскиот културен центар, во кое тие бараат да има регуларен конкурс за избор на директор на институцијата.

Целта на акцијата е да се покаже континуираното незадоволство од одлуките на Град Скопје, како и континуираната подршка на МКЦ од граѓаните.

 

фото ФБ, Сите за МКЦ

“Доставени се и физичката и онлајн петицијата за зачувувањето на МКЦ во Архивот на Град Скопје. Но, не е тоа доволно. Треба сите директно да им го изразиме нашето незадоволство со тоа што се случува со МКЦ на тие кои ја држат судбината на МКЦ во нивните раце – советниците на Град Скопје.
На линкот погоре може да најдете документ со сите мејл адреси на советниците на Град Скоје, како и мејл кој може да го ископирате и испратите до нив во кој ќе го изразиме нашето незадоволство. Не смееме да дозволиме нашиот глас да остане нечуен!”, апелираат од Движењето „Сите за МКЦ“.
 
Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на Младинскиот Културен Центар во Скопје.