СЈО бара изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Ова доаѓа по поднесеното барање на заштита на законитоста од Марко Зврлевски за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан, се вели во соопштението на СЈО.
Во соопштението се наведува дека старо-новиот шеф на Врховен бил дел од јавнообјавените телефонски разговори или таканаречени – бомби и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата на највисокиот суд.
СЈО се сомнева на можна пристрасност и поради тоа изземањето е поднесено до овој суд. Инаку, Катица Јанева до Врховен доставила и транскрипт од разговорот помеѓу тогашниот претседател Јово Вангеловски и екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, доказ преку кој сака да докаже можна субјективност при одлучувањето и обидот Марко Зврлевски да го спаси сопственикот на ТВ Нова од притвор.
о соопштението до медиумите наведува дека старо-новиот шеф на Врховен бил дел од јавнообјавените телефонски разговори или таканаречени – бомби и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата на највисокиот суд.