СЈО ќе чека официјална потврда дека Груевски избега за пода бара притвор за другите обвинети

Сподели

СЈО ќе чека официјална потврда на веста дека избеганиот осуденик пратеникот и експремиер Никола Груевски побарал политички азил во Унгарија, за да одлучи дали и за другите обвинети чии процеси се во тек ќе бара притвор. Груевски, осден на 2 години затвор во случајот „Тенк“ на СЈО,  претпладнево напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти.

На прашањето дали специјалната обвинителка Катица Јанева ќе побара притвор за останатите високопрофилни обвинети функционери во нејзинети случаи, со оглед на тоа што досега веќе 4 четворица  имаат избегано од земјава, од СЈО за СДК кратко одговориле:

„Откако од надлежните институции ќе биде официјално потврдена веста дека Груевски побарал азил во Унгарија, тогаш за секоја одлука што ќе ја донесе специјалната обвинителка Катица Јанева јавноста ќе биде навреме известена“.