СЈО тврди: Грујевски поседувал тетратка за влијание врз сведоци

Сподели

При извршениот претрес, во домот на поранешниот шеф на петтата управа во МВР, Горан Грујевски пронајден е нотес со евиденција – кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван, изјави обвинителката Ленче Ристоска на денешното сослушување во Апелацискиот суд.

Компјутерот на Грујевски каде имало креирана папка со наслов „СЈО“ каде стоеле упатства како да се однесуваат лицата кои биле повикани да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство, бил одземен.
Ристоска рече дека тој им давал и насоки на сведоците и осомничените како да сведочат.

Постои опасност од бегство и влијание врз сведоци, тврди СЈО и бара преиначување на првостепената одлука, односно на Грујевски да му се одреди притвор.
Горан Грујевски е обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Тој и денеска не се појави на сослушување во Апелацискиот суд.

Тој доставувал боледувања во кои пишува дека боледува од депресија и анксиозност, но, според СЈО, тоа не е изговор да не се појавува на распит.