Скопје и денеска без градски превоз

Сподели

 

Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз, откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие вчера најавија дека од 04:30 часот наутро автобусите нема да возат.

Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше изгласа иницијатива со која се побара од градоначалничката на Град Скопје до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за да се исплатат платите.

Синдикатите вчера ја напуштија седницата на Советот, револтирани дека нема договор за нивните барања.

Вработените порачаа дека јавен превоз нема да има се додека не ги добијат своите заработени пари.