Скопје повторно на врвот на светските листи според аерозагадувањето

Сподели

 

Скопје повторно се најде на врвот на светските листи според аерозагадувањето. Граѓаните дишат трипати повеќе штетни ПМ честички од максимално дозволените.

 

 

“Скопје гледано од Водно е постојано во кафеава измаглица, со постојани чадови, од бели до црни и сите нијанси измеѓу, кои се шират низ градов и го обвиткуваат. Живееме во отровна зона. Сликите кои кружат по социјалните мрежи се слики од постојано палење, за потоа да следи известување дека пожарна го изгаснала огнот, а инспекцијата не фатила никого или немале легитимација” – апелираат од О2 Иницијатива.

 

 

Загадувањето во земјава е сериозен проблем поради кој се губат се повеќе човечки животи покажува и статистиката на Институтот за јавно здравје. Годишно аерозагадувањето е причина за 1800 смртни случаи.