Италијанецот Роберто Ди Матео е назначен за нов тренер на Астон Вила, негова прва задача ќе биде експресно враќање во Премиер лигата по катастрофалната сезона, во која завршија на последното место со само 3 победи во сезоната.
Ди Матео со Челзи стана европски шампион во 2012 година, е и доста самоуверен дека ќе ја предводи Астон Вила до првото место во Чемпионшип.
,,Едвај чекам да започнам со новата работа. Запознат сум со амбициите на клубот и очекувањата од следната сезона. Ако ја освоив Лигата на шампионите, можам и Чемпионшип изјави Ди Матео.
Уште не е познато каков договор ќе добие италијанскиот стратег во клубот од Бирмингем, но се претпоставува дека тоа ќе биде договор на две сезони.
47 годишниот Ди Матео, по Челзи, ја водеше и екипата на Шалке, во сезоната 2014/15.
The post Со Ди Матео на клупата, Астон Вила најавува враќање во Премиер лигата! appeared first on Спорти.
Source: Sporty