Со домашен сируп до подобра крвна слика

Сподели

Се чувствувате некако скршено, уморно и безволно? Можеби е време да ја проверите крвната слика.

Но пред да направите контрола на крвта обидете се на природен начин и со природни состојки сами да го подобрите вашето општо здравје и крвната слика.

За вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да се консумира два пати годишно. Од овој рецепт ќе добиете околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро на празен стомак, додека не ја испиете добиената количина.

Состојки: 1 кг цвекло, ½ кг моркови, сок од еден лимон, 2-3 портокали, 2 кисели јаболки, 500 гр мед (ливадски).

Подготовка: Цвеклото, морковот и јаболките исецкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и исцедете сок. Од лимонот и портокалот рачно исцедете сок и помешајте го со претходно добиениот сок. На крајот додадете го медот, најдобро е тој да е ливадски. Се добро измешајте за медот да се стопи и соедини со сокот. Количината на портокали може да биде и поголема, бидејќи тие главно се додаваат за вкус и мирис. Готовиот сируп ставете го во стаклени шишиња.

Се добиваат околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро во количина од 1 децилитар на празен стомак, додека не ја испиете целата количина.