Собранието денеска ќе одлучува за разрешување на Зврлевски

Сподели

Собранието на денешната седница ќе расправа и одлучува по барањето на Владата, за разрешување од функцијата државен јавен обвинител, Марко Зврлевски.

За разрешување на државниот јавен обвинител е потребно просто мнозинство од 61 пратеник.
Во образложението на предлогот за разрешување на Зврлевски пред истекот на неговиот мандат, стои дека тоа се бара поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

„…Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата“, стои во образложението на предлогот.

Не е познато дали обвинителот ќе присуствува на седницата.