Собранието ја усвои Националната стратегија за развој за 2024-2044

Сподели

Во Собранието се усвои Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година.

Стратегијата е заеднички документ точка на поврзување на сите одлучувачки фактори кои сакаат да се вградат во создавањето на иднината важна за сите граѓани во нашата земја.

Оваа стратегија е изградена низ партнерски однос и поддршката на УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кој го поддржуваат овој процес.

Целите на оваа развојна стратегија се:

Економски развој и подобрување на стандардот. Воспоставување на мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди. Силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.

Реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.

Држава без корупција, држава со систем кој функционира, држава со изграден мерит систем со механизми и цели кои мораме да ги искреираме и воспоставиме и се дел од оваа стратегија.

Квалитетното образование кое ќе биде клучот на напредокот.

Целта на оваа Влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што земјава природно припаѓа таму туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за подобар стандард и за подобар живот.

Националната стратегија за развој е одлична и солидна основа за развој на државата и преставува стратешки документ за идните чекори на оваа и секоја идна Влада.