Собраниска делегација на Трансатлантскиот форум во Вашингтон

Сподели

 

Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на Трансатлантскиот форум, кој се одржува од 4 декември  до 8 декември 2022 година во Вашингтон, Д.Ц., САД.

На состанокот учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, како и делегацијии од парламентите на асоциативните земји. Од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува целата делегација во состав: Арта Билали Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

Овој тип на настан, кој се одржува во затворен формат, овозможува размена на мислења со високи претставници на американските власти и истакнати експерти за клучните надворешно политички приоритети на САД во контекст на целите и активностите на НАТО.