Вработените во Собранието на Република Северна Македонија денеска масовно се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.
Тие го чистеа просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.
Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации.
Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар.
Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.