На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер започна да се шири веста дека во 22 часот во Градскиот парк ќе има филмска проекција, за оние луѓе кои премногу се вознемирени од денешните земјотреси во Скопје и кои се плашат да се вратат во своите домови.
„Дечки, пар луѓе решивме за вечер да правиме кино на отворено во парк во 22:00. Сите што останавте во Скопје, а сте премногу потресени за да седите дома, дојдете си со другарчињата, пуканките и пијачките у парк да правиме групна терапија со добро филмче“, се вели во повикот, кој почна да се споделува на социјалните мрежи под хаштагот #СоКиноПротивЗемјотрес.