Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково.
Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци: крак Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево,Tетово–Попова Шапка, на планискиот премин Струмица – Берово.
Се известуваат сите сопственици на возила на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречена работа на екипите на Ј.П. Македонијапат.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.