Соработка помеѓу Сеизмолошката опсерваторија-Скопје и Општина Дебар

Сподели

 

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, проф. д-р Драгана Черних придружена од д-р Катерина Дрогрешка и Љубчо Јованов, остварија официјална средба со Градоначалникот на Општина Дебар, д-р Хекуран Дука.
 
 
 
 
На средбата беше потпишан Меморандум за соработка и беа договорени идните активности и проекти за едукација на учениците од двете основни училишта, од едно средно училиште и за децата од градинките, како и за врабоените од Општината и други организации што се под нејзина надлежност.
 
Притоа е остварена работна средба и со директорите на основните училишта „Саид Најдени“ и „Ристе Ристески“, Бурим Казиу и Шанија Ајровски, претставник на градинките, Anila Erebara и со одговорното лице во одделението за образование од Општината, Армира Шарку, на кој конкретно е разговарано за едукативните предавања од страна на Сеизмолошката опсерваторија.
 
 
 
Со серијата едукативни предавања е предвидено да се опфатат сите ученици кои на илустративен и забавен начин ќе бидат запознати со опасностите со кои може да се соочат од природната појава земјотрес, со начинот на кој можат да се подготват и заштитат. На средбата беше презентиран и соодветенза едукативен материјал во форма на флаери, постери и прирачник, како и боенки за најмалите, изработени од страна на Сеизмолошката опсерваторија.
 
На средбите беше истакнато дека слични едукативни предавања и практични вежби ќе се организираат и за наставниот кадар во врска со организирање на учениците и спроведување на евакуациониот план на училиштата при евентуален земјотрес.