Сорос предвидува дека Брексит ќе ја турне економијата во криза како во 2008 година

Сподели

george_soros

Одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика криза на финансиските пазари слична на глобалната финансиска криза од 2007 и од 2008 година, изјави денеска американскиот милијардер Џорџ Сорос, во обраќањето во Европскиот парламент во Брисел.

– Кризата се случува забавено, но Брексит ќе ја разгори. Веројатно ќе се зголемат дефлаторните притисоци кои веќе преовладуваат – изјавил Сорос, а пренесува њујоршката агенција „Блумберг“.

Банкарскиот систем на континентална Европа, како што вели, не закрепнал од финансиската криза пред неколку години и сега ќе се најде пред сериозен тест.

Пред одржувањето на референдумот во Велика Британија, Сорос предупреди дека фунтата би можела да падне повеќе од 20 проценти во однос на доларот, доколу се изгласа излегување од Унијата.

По реферндумот и изненадувачката одлука на Велика Британија да излезе од ЕУ, фунтата падна на најниско ниво од 1985 година.

meta.mk