Состојбата на Клиниката за гинеколоија и акушерство (ГАК) ја докажува долгогодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Никола Тодоров за здравјето и интересите на граѓаните во изминатите 11 години.
Недостатокот на инкубатори, медицински сестри, лекари и анестезиолози, лошиот систем за терморегулација и вентилација, покривот што прокиснува, дотраените стерилизатори и појавата на влага во ГАК, се директна последица на долгогодишното криминално и расипничко владеење на Груевски и Тодоров, кои поради криминални интереси ги запоставија здравјето и интересите на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство се свесни за сериозноста на наследените проблеми во ГАК и воопшто во здравствениот систем. Преку одговорен и ефикасен пристап, Владата предводена од СДСМ, презема иницијативи за надминување на проблемите, санирање на штетите и унапредување на здравствениот систем.