Совет на Амбасадори: Со Предлог-преговарачката рамка сѐ поблизу до ЕУ

Сподели

 

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„  со задоволство ја прими веста дека Европскaта Комисија  ја доставила до Советот на Европската Унија предлог рамката за преговарање на Република Северна  Македонија со Европската Унија.

Совет на Амбасадори смета дека во време на искучително сложена пандемска ситуација прашањето за постапката за отпочнување на преговори на земјите од Западаен Балкан и посебно за нашата земја е значајно за патот кон евроинтеграциите. Факт е дека од осамостојувањето па сé до денешните денови ние сме многу поблиску земјата конечно да добие и датум за отвпочнување  на преговарачкиот процес. Склучените Договори со Бугарија и Грција се потврда дека кај нас во последните три години интензивно се работи на отворање на нова страница во меѓународните односи со што се унапредени меѓусоседстските односи, еден од клучните Копенхашки критериуми.

Советот на амбасадори и во оваа прилика упатува благодарност до државните институции и лидери на Хрватска за вложените напори за поддршка на нашата земја при донесување на одлука за отворање на преговарачкиот процес со ЕУ за време на нејзиното  претседавање со Унијата.

Совет на Амбасадори е убеден дека од овој момент заеднички во земјата ќе работиме и ќе ги заокружиме  бараните реформи во понатамошен од кон Унијата и конечно за време на претседавањето на Германија да се оддржи и меѓувладината конференција и на крајот Република Северна Македонија да добие и датум за започнување на преговорите.

Советот е исто така убеден дека земјата ги има направено потребните подготовки за успешно завршување на преговорите во најдобар очекуван можен рок со што успешно  ќе го заокружи целиот процес на интегрирање во ЕУ.

За успешно финализирање на овој процес Советот ги повикува граѓаните, политичките партии и идната влада безрезервно и со голема одговорност го дадат својот придонес во борбата против коронавирусот, а особено во предизборниот процес успешно да реализираме слободни, демократски и фер избори.

Советот на Амбасадори укажува и жали што некои политички партии во нивните предизборни спотови и на моменти со груб и навредлив политчкиот жаргон се враќаат на веќе заборавени теми од минатото наместо да нудат европски парспективи за граѓаните. Во овој контекст Советот смета дека ангажирањето на децата во политички настани е непримерен акт спротивен на меѓународните конвенции  и како таков заслужува осуда.