Советот на јавни обвинители денеска ќе го разгледува четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.
На седницата е поканетa да присуствува обвинителката Катица Јанева. По завршување на средбата, се очекува Штериев и Јанева да дадат изјави за медиумите.
Новиот претседател на Советот, Коле Штерјев, призна дека досега имало проблеми во комуникацијата со СЈО, а во одредени ситуации дури и опструкции.