Спасов: Ова е политичка провокација и омаловажување

Сподели

 

После денешната посета на Битола на бугарскиот премиер Кирил Петков и бугарска делегација која присуствуваше на отворање на културен центар „Иван Михајлов“, се огласи и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека ова е индиректна провокација и оживување на едно мрачно минато. Исто така побара и отворање на македонски клутурен клуб во Бугарија.

 

 

„Битола е космополитски, конзулски град, во кој посебно се почитуваат културите, традициите и вредностите на сите народи и треба да биде вистински пример за негување на македонскиот идентитет и култура во сите други земји, каде што живеат Македонци.

Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато на кое потсетува името на Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“.

Кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволија во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја.

Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на Македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство.

После посетата на денешниот настан во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на македонците кои живеат таму.“, напиша Коњановски на својот „Фејсбук“.

И Професорот Ѓорѓи Спасов се огласи преку социјалните мрежи во врска со посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Битола за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“.

 

 

„Не можеше Петков да избере полош лик од Михајлов и подобра бугарска делегација во која се Каракачанов и Захариева, за политичка провокација па и омаловажување на сите напори за приближување кон ЕУ што ги прави Македонија. Мораше некој официјално да го извести дека ние и тоа можеме да го поднесеме но не е начин за помирување. Ако треба антифашистот Тито да го заборавиме а фашистот Михајлов да го славиме како услов за влез во ЕУ и за кревањето на ветото од Бугарија, тоа вистина ќе потрае или никогаш нема да се случи. Сега е ред официјална делегација од Македонија со претставниците на ОМО илинден на 20 ти април да отиде на гробот на Јане Сандански на Пирин и да отвори клуб на Македонците во Сандански кој ќе биде мост во соработката меѓу двете земји. Само за да се тестира бугарската и европска толеранција“, пишува Спасов.