Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека мора да се спроведе ветинг систем во полицијата.
Ветингот ќе се врши по три основи – персонално досие, имотна состојба и критеруми. Ќе се формираат комисии кои ќе работат на ветингот, а ќе има и една надворешна комисија со експерти. На ветингот ќе бидат подложени сите.
– Постојат сериозни индиции дека некои од полицајците, командирите и началниците имаат зголемен имот повеќекратно што го немаат ниту бизнисмени кои по 20 години имаат бизниси во Македонија. Тука го гледам интересот зошто е многу атрактивно да бидете дел од македонската полиција, па на оглас за 30 вработени се јавуваат 3.000. Веројатно мотивацијата се овие луѓе кои ги гледаат во секојдневнието – истакна Спасовски.
Оваа е сериозен процес, кој треба да заврши добро за институцијата!